Францускиот Сенат го отфрли планираниот закон за „право на смрт“

Францускиот Сенат го отфрли делот од предлог-законот за крајот на животот кој предвидуваше воведување „медицинска помош при умирање“, што претставува значаен удар за поддржувачите на реформата, меѓу кои и претседателот Емануел Макрон.

Со 144 гласа „за“ и 123 „против“, сенаторите го отстранија членот што ќе ги дефинираше правните услови за евтаназија и асистирано самоубиство. Наместо тоа, беше задржана формулацијата дека секој пациент има право на „најдобро можно олеснување на болката“, но без доброволна интервенција чија цел е предизвикување смрт. Воедно, беше укината и спорната одредба која предвидуваше санкции за здравствени установи или персонал што би одбиле да дозволат евтаназија.

Од Европскиот центар за право и правда ја поздравија одлуката, оценувајќи дека таа повторно го потврдува приоритетот на палијативната грижа. Претставници на организацијата предупредија дека постепеното дозволување на асистирана смрт во некои држави довело до проширување на условите за нејзина примена, посочувајќи дека во Канада процентот на смртни случаи поврзани со медицински асистирана смрт се зголемува од година во година.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости