(ВИДЕО) Артан Груби приведен на Граничниот премин „Блаце“ по враќањето во Македонија

Поранешниот прв вицепремиер и министер Артан Груби, кој повеќе од една година е во бегство, рано утринава се јавил на косовско-македонската граница при влез во земјава, по што веднаш е приведен

Според МВР, Груби пристигнал на Граничниот премин „Блаце“ во 6:10 часот и веднаш бил лишен од слобода за понатамошно постапување. Тој е осомничен во истрага за кривично дело поврзано со проневери во „Државна лотарија“ и беше баран со меѓународна потерница.

Артан Груби претходно беше прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците од редовите на ДУИ. Во декември 2024 година беше ставен на „црната листа“ на САД поради вмешаност во корупција, конкретно за примање поткуп во врска со судскиот процес на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

На објавеното видео од приведувањето, Груби е видлив со јакна со качулка и очила за сонце, насмевнат, додека им ги подава рацете на полициските службеници кои му ставаат лисици. По ставањето на лисиците, тој си ги покрива дланките со црн шал, практично предавајќи се на полицијата.

Груби е во бегство од декември 2024 година, откако Обвинителството отвори истрага за случајот со проневери во „Државна лотарија“, во кој беше осомничен лично тој.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости