НАТО собори иранска ракета што се движела кон Турција, Анкара изјави дека има право да одговори

Министерството за одбрана на Турција објави дека балистичката ракета, која откако беше лансирана од Иран помина низ воздушниот простор на Ирак и Сирија и се движеше кон турскиот воздушен простор, е успешно пресретната и неутрализирана.

Како што е наведено, ракетата била откриена и уништена на време од страна на воздушните и ракетните одбранбени елементи на НАТО распоредени во источниот Медитеран.

Во соопштението се наведува дека дел од муницијата што паднала во округот Дортјол, во покраината Хатај, всушност припаѓала на ракета за воздушна одбрана што се користела за време на пресретнувањето и уништувањето на заканата во воздухот.

„Во овој инцидент немаше жртви или повредени“, се вели во соопштението.

Турското Министерство за одбрана соопшти дека сите потребни чекори за заштита на територијата и воздушниот простор ќе бидат преземени решително и без двоумење.

„Ве потсетуваме дека го задржуваме правото да одговориме на секоја непријателска акција насочена против нашата земја“, беше нагласено.

На крајот, тие ги предупредија сите страни да се воздржат од потези што би можеле дополнително да го прошират конфликтот во регионот, додавајќи дека Турција ќе продолжи со консултациите со НАТО и другите сојузници.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости