Иран денес ги обвини европските земји, вклучувајќи ја и Франција, дека придонеле за создавање поволни услови за нападите на САД и Израел што доведоа до војна со Исламската Република. „За жал, европските земји помогнаа во создавањето на овие услови“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багеи, на неделната прес-конференција.
„Наместо да инсистираат на владеење на правото, наместо да се спротивстават на заплашувањето и ексцесите на Соединетите Американски Држави, тие се изјаснија и се согласија со нив пред Советот за безбедност на ОН за време на дискусијата за повторно воведување санкции, а сето ова заедно ги охрабри американската и ционистичката страна да продолжат со своите злосторства“, додаде тој.





