„Саудиска Арабија го задржува правото да дејствува воено против Иран и сета доверба во односите со Техеран е нарушена“, изјави министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Фајсал бин Фархан Ал-Сауд.
Да потсетиме, синоќа во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, беа пријавени неколку експлозии, објави Ројтерс.
Според извештајот, во Ријад се слушнале неколку експлозии, а сирените за итни случаи се слушале низ целиот град.
Како што соопшти саудиското Министерство за одбрана, армијата на оваа земја пресретнала и уништила четири балистички ракети лансирани кон Ријад.
Остатоци од пресретнатото летало паднале во различни области во главниот град, соопшти министерството, додавајќи дека првичните проценки не укажуваат на никаква штета или повредени.





