(ВИДЕО) Израелската амбасадорка во Македонија објави снимка: лица упаѓаат во двор на синагога, поливаат течност и фрлаат бакљи

Амбасадорката на Израел во Македонија, Вивијан Ајзен, објави видео-снимка од обидот да се запали синагогата во Скопје.

На снимката се гледаат двајца луѓе како прескокнуваат ограда и се доближуваат до влезот на објектот. Потоа, тие прскаат со запалива течност, по што фрлаат бакља и предизвикуваат пожар.

„Длабоко вознемирувачки антисемитски инцидент во Северна Македонија – прв од 1945 година – ги погодува самите вредности на соживот што ги почитува еврејската заедница. Јас сум на страната на заедницата и ги повикувам македонските власти да ги изведат одговорните пред лицето на правдата“, наведе амбасадорката Аисен, објавувајќи го и видеото на платформата Х.

Од СВР Скопје за МИА изјавија дека во дворот на верскиот објект биле забележани канистар за гориво и траги од горење.

„Веднаш по добиената пријава од полициски службеници излезено е на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, дополнија од МВР.

Еврејската заедница во Македонија го осуди овој чин и апелираше до надлежните органи за целосно расветлување на случајот и доследна примена на законите, како и за гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани.

„Ова не чин не е само напад врз еден верски објект, туку длабоко вознемирувачки удар вз темелните вредности на цивилизираното опоштество – соживотот, достоинството и заемната почит“, стоеше во соопштението до медиумите потпишано од претседателот на Еврејската заедница во Македонија Пепо Леви.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости