Додека трае Евросонг, на РТВ Словенија ќе се зборува за Палестина

Словенија, Ирска, Шпанија, Словенија, Холандија и Исланд се откажаа од 70-тото издание на Евровизискиот натпревар откако Европската радиодифузна унија одби да го стави на гласање исклучувањето на Израел од натпреварот.

Барање до Евровизија за исклучување на Израел побараа и преку 10.000 музичари и артисти меѓу кои Питер Габриел, Брајан Ино, Пол Велер, Масив Атак…

Словенечката државна телевизија соопшти одлуката за неучество е донесена „во име на 20.000 деца кои загинаа во Газа“.

Додека траат полуфиналните вечери и финалето, на РТВ Словенија ќе се емитува посебен програм „Гласовите на Палестина“ кој ќе содржи документарни филмови, говорни емисии и анализи кои ќе го осветлата поширокиот контекст на она што се случува на Блискиот Исток.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости