(ФОТО) Пратеникот Мурати учествуваше на конференцијата „Од срце до срце за Балканот“ и оствари средба со делегација на АК Парти

Како пратеник на Движењето на Турците за правда и демократија – Европски фронт, Сали Мурати, денеска, оствари средба со претседателката на Форумот на жени на АК Парти, Тугба Ишик Ерџан, и со пратеничката од Големото народно собрание на Република Турција, Рукије Генч Тој, кои престојуваат во Скопје во рамки на конференцијата организирана во рамките на програмата „Од срце до срце“ (Gönülden Gönüle) за Балканот.

Средбата се одвиваше во пријателска и конструктивна атмосфера. Констатирано беше дека билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Турција почиваат на цврста пријателска основа, при што истовремено се изрази заедничка согласност дека постои значаен простор за нивно понатамошно унапредување и продлабочување во сите сфери, вклучувајќи ги парламентарните, политичките и економските врски.

Во текот на разговорите се посвети посебно внимание на актуелните состојби и предизвиците во парламентарниот живот, политичката и економската состојба во земјата, како и на нашите заложби во процесот на европска интеграција.

Особено значаен дел од средбата беше посветен на положбата на турската заедница во државата. Во таа насока пратеникот Мурати ги изнесе актуелните предизвици со кои се соочуваат припадниците на турската заедница, меѓу кои: пристапот до образование на мајчин јазик, службената употреба на турскиот јазик, правичната застапеност во институциите, прашањата поврзани со изборниот модел, заштитата на културното наследство, како и специфичните тешкотии со кои се соочуваат жителите на руралните средини каде живее турското население. Со загриженост и со чувство на одговорност истакна дека турската заедница се наоѓа во нерамноправна положба и дека е потребен конкретен и одржлив ангажман за подобрување на нејзиниот статус.

Истакнато беше дека ваквите средби се од исклучителна важност – тие не само што ги зајакнуваат меѓусебните односи и меѓусебното разбирање, туку претставуваат и вредна можност за отворен дијалог за прашања кои директно ги засегаат граѓаните. Пратеникот Мурати изрази убеденост сум дека продлабочувањето на соработката меѓу двата парламента и двете општества може да донесе конкретни позитивни резултати за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости