Саудиските власти денес ги демантираа наводите за присуство на бомбаш самоубиец во Големата џамија во Мека, наведувајќи дека едно лице било уапсено поради вознемирување на минувачи и предизвикување паника, јавува Анадолу.
„Безбедносните служби во светиот град уапсија лице поради вознемирување на минувачите и ширење страв и паника меѓу нив, а за случајот беше постапено веднаш“, соопштија властите на американската платформа за социјални медиуми X.
„Безбедносните служби потврдуваат дека нема вистина во тврдењата што кружат во врска со овој инцидент“, се наведува во соопштението.
Не се дадени дополнителни детали за осомничениот.
Претходно на социјалните мрежи се ширеа тврдења дека бомбаш самоубиец, кој носел елек со експлозив, се приближил до Каба во Големата џамија, која претставува најсвето место во исламот, а потоа бил приведен од безбедносниот персонал.





