Палестинското семејство на новинарот Абдул Рауф Шаат доби нов член девет месеци по неговото убиство во израелски напад во Газа. Неговата сопруга го роди нивниот син, кој ќе расте без својот татко.
Шаат беше убиен на 21 јануари 2026 година, само 17 дена по свадбата, додека ги извршувал своите новинарски обврски.
Околу една недела по неговата смрт, неговата сопруга дознала дека е бремена.
Во емотивен момент по раѓањето на бебето, мајката на новинарот го држела својот новороден внук во рацете и низ солзи му се обратила на својот покоен син:
„Ова е твојот син, Абдул. Ова е твојот син, мил мој.“
Семејството го пречекало новороденчето со радост, но и со длабока тага по Абдул, кој го загубил животот пред да добие можност да го запознае својот син.





