🇨🇳 ⚽ Кинески брендови ја прекинуваат соработката со Мбапе по изјава за „кинескиот диктатор“

– Одлуката следува откако Килијан Мбапе во интервју изјави дека неговиот омилен интернет-мим е оној на кој го ставаат неговиот лик на кинескиот диктатор Мао Це Тунг.

Кинески брендови ја прекинаа соработката со напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, поради изјави што ги оценија како „повредување на националните чувства“.

Одлуката следува по ширењето на видео на кое францускиот фудбалер, наводно, вели дека неговиот омилен интернет-мим е оној на кој го ставаат неговиот лик на кинескиот диктатор Мао Це Тунг, додавајќи дека тоа го засмејува и дека го споделува со пријателите.

Автентичноста на видеото не е независно потврдена.

Групацијата „Донгпенг бевериџ“ денес соопшти дека го раскинува договорот со Мбапе, објави шангајскиот медиум „Гуанча“.

Компанијата соопшти дека цврсто се противи на однесување што ги повредува националните чувства и дека има „нулта толеранција“ кон таквото однесување.

Мбапе беше заштитно лице на „Бушуила“, бренд за електролитен пијалак на „Донгпенг“.

Претходно, кинеската фудбалска платформа „Донгчиуди“ синоќа објави дека Мбапе дал несоодветни изјави за Кина во неодамнешно интервју, со кои „ги повредил чувствата на Кина и кинескиот народ“.

„Менгниу“, еден од најголемите кинески производители на млечни производи, исто така ја прекина соработката со Мбапе поради ова прашање, наведувајќи дека компанијата не толерира „зборови или постапки што ги повредуваат чувствата на кинескиот народ“, објави „Џиму њуз“.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости