Следната недела во Катар ќе се одржи средба меѓу потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, и секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Мохсен Резаи. Ова го изјави шефот на турската Национална разузнавачка служба (МИТ), Ибрахим Калин.
Тој ја оцени најавената средба како важна можност за напредок во преговорите меѓу Вашингтон и Техеран.
Калин, исто така, предупреди дека доколку во наредните денови не биде постигнат договор, САД би можеле да извршат нови напади врз Иран. Во тој контекст, шефот на турската разузнавачка служба ја нагласи потребата Исламската Република да заземе пофлексибилен став со цел да се овозможи напредок во преговорите.





