Новак Ѓоковиќ: “За време на натпреварите најмногу јадам урми”

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ има посебен режим на исхрана…

Сите знаеме дека Ноле е голем професионалец кој се труди да донесе се во најдобар ред во сè што прави. За подобри перформанси на своето тело, тој се труди секој ден да јаде што е можно поздрава храна, избалансирани производи кои му даваат сила и леснотија на движење.

Дознаваме без кои намирници Ноле не го започнува денот и како изгледа неговиот појадок .

“Мојата омилена храна за појадок е овошјето и зелените смути. Не можам да го започнам денот без тоа”, открил еднаш Новак.

Исто така, Ѓоковиќ откри која храна е клучна за неговото опоравување во периодот на пауза за време на натпреварот. „Тенисот е различен спорт од кој било друг бидејќи нема исти физички барања. Во тенисот мечот може да трае и до пет часа, за време на натпреварите најмногу јадам урми, понекогаш малку банана, но најмногу урми и вода и два различни енергетски пијалаци и тоа е тоа. Верувам во психата, во емоциите“, изјави еднаш тенисерот.  

Кога сме кај урмите да споменеме некои преданија за нив:

Хадисот на Пратеникот (с.а.в.с) вели: „Куќа во која има урми не чувствува глад.“ (Муслим)

Пратеникот (с.а.в.с): „Кога некој од вас ќе престане да пости треба да јаде урми, бидејќи урмите се благослов, доколку не најде урми тогаш да се напие вода бидејќи водата прочистува“ (пренесен од Ебу Давуд).

Мерјем ( Марија), мајката на Иса а.с јадела урми кога почувствувала породилни болки и за време на породувањето. Аллах џ.ш во Куранот, во сура Мерјем вели: „и породилните болки ја присилија да дојде до стеблото на една палма…“ (23), …„и мелекот кој беше подолу од неа, повика: „Не жалости се, Господарот твој даде подолу од тебе, поток да потече. (24), „Затреси го палминото стебло, и по тебе ќе паднат урми свежи, (25), „јади и пиј и биди весела.“ (26).

Повеќе на следниот ЛИНК

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости