Која е земјата која станува тенковска сила во Европа?

Со 1.360 тенкови, Полска станува тенковска сила во Европа. Станува збор за тенкови од Јужна Кореја и Америка, кои Полска ги набавува откако почна војната во Украина. Полскиот министер за одбрана, Мариуш Блашчак, на 4 јануари потпиша договор вреден 1.4 милијарди долари за купување на нови 116 тенкови M1A1 Abrams со опрема и резервни делови.

Инаку, Варшава лани купи 250 вакви тенкови. Од Вашингтон ќе набават и  250.000 тенковски гранати. Тие ги добија и првите тенкови од Јужна Кореја и хаубици. Вредноста на зделката договорена со Јужна Кореја е 5,7 милијарди долари. Откако почна војната во Украина, во Полска се зголеми интересот за служење на војска, но има и обуки за луѓето да препознаат мини и слично.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости