“Останав жив поради тоа што бев буден за да одам на сабах (утринска молитва)” – Фудбалер објаснува како го преживеал земјотресот

 

Кевин Сони, 24-годишниот напаѓач на Хатајспор е еден од фудбалерите кои беа полесно повредени при разорните земјотреси кои ја погодија Турција.

Првиот разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала се случи во понеделникот во 4 часот и 17 минути, а поголемиот дел од градот Хатај беше срамнет со земја.

Камерунецот, кој пред почетокот на оваа сезона пристигна на позајмица во Хатајспор од грчки Астерас, беше буден и успеа да побегне од куќата.

„Јас сум муслиман. Се спасив со тоа што бев буден. Сакав да чекам до 6:40 часот наутро за да одам на сабах(утринска молитва). Да спиев во моментот на земјотресот, немаше да можам да излезам од дома и мислам дека ќе бев под урнатините“, рекол Сони.

Да потсетиме, потрагата по неговиот соиграч Кристијан Атус се уште е под урнатините.

 

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости