Османлиски документи потврдуваат дека султанот им испратил финансиска помош на САД

Истражувачите во архивата Каср Јилдиз пронашле два документа кои потврдуваат дека османлискиот султан Абдулхамид II им испратил финансиска помош на страданите во пожарот кој ја зафатил Америка во 1894. година.

Во документот упатен на Владата, кој носи печат од Министерството за надворешни работи, стои дека султанот Абдулхамид издал наредба „итно да се проследат 300 османлиски лири за помош на страданите во пожарот во околината на Њујорк“. Битно е да се спомене дека овој износ во тоа време бил доволен да се купат шеесет станови во најелитната населба во Истанбул.

Вториот документ е допис на американската амбасада во Истанбул, во кој стои благодарност до султанот од градоначалникот на Њујорк, со напомена дека „сите американски медиуми пишуваат за тој гест.“

Можно е да е слика од 1 лице

Извор; Фејзбук: Afrim Fatmir Kovaçi

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости