Две недели откако земјотресите на 6 февруари ги погодија Туркије и Сирија и оставија огромни разурнувања и голем број жртви, ветувањата за финансиска и хуманитарна помош продолжуваат од сите страни на светот.
09:30 Блинкен вети поддршка за жртвите од земјотресот во Туркије „колку што е потребно“
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вети дека Вашингтон ќе продолжи да ја поддржува Анкара „колку што е потребно“, бидејќи таа се справува со последиците од катастрофата од земјотресот на 6 февруари.
Блинкен ја даде изјавата за време на прес-конференцијата во понеделникот при посетата на турскиот главен град на средби со највисоките претставници во Туркије.
Во неделата, највисокиот американски дипломат го посети и погодениот регион и најави дополнителни 100 милиони долари помош за закрепнување од земјотресот. За време на истата прес-конференција, турскиот министер за надворешни работи Чавушоглу рече дека двете нации не треба да чекаат друга катастрофа за да ги подобрат врските, повикувајќи го Вашингтон да преземе конкретни, искрени чекори за подобрување на односите меѓу Туркије и САД.
#TurkiyeQuakes: Turkish FM Cavusoglu after talks with US Secretary of State Blinken:
— TRT World (@trtworld) February 20, 2023
- US expresses their condolences & solidarity
- They're ready to extend any support we need
- We thank them for their support during such challenging times pic.twitter.com/I6SU4DXEd0
08:30 Бројот на загинати во Туркије зголемен на 41.020 лица
Бројката на загинати во разорните земјотреси кои го потресоа на југот од Туркије е зголемен на 41.020, објави турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД.
Во соопштението се наведува дека се регистрирани 6.212 последователни земјотреси по двата разорни земјотреси кои ја потресоа Туркије на 6 февруари.
На подрачјето погодено од земјотресите делуваат 19.436 лица за пребарување и спасување од АФАД и други полициски и противпожарни единици, невладини организации и меѓународни тимови.
Во зоните на земјотресите се наоѓаат вкупно 245.198 луѓе од АФАД, полицијата, жандармеријата, Националниот спасувачки медицински тим (УМКЕ), итната помош, локални тимови за обезбедување и поддршка, волонтери и теренски персонал.
Вкупно 12.681 возила, воглавно багери, шлепери, дигалки, булдожери, камиони, цистерни за вода, приколки и слична градежна машинерија, беа испратени на подрачјето на катастрофата.
Вкупно 38 бродови се доделени на регионот од страна на Министерството за одбрана и Командата на крајбрежната стража за потребите на испраќање на персоналот, материјалите и евакуација.
Завршено е поставување на 216.166 шатори, кои турските министерствата, надлежните институции и организации, како и различи земји и меѓународни организации ги испратија во подрачјето погодено од земјотресите.





