ОН ветија дека ќе ја поддржат Туркије во отстранувањето на урнатините и управувањето со отпадот на еколошки безбеден начин.
12:15 Генералниот секретар на ОИС со апел за блиска соработка со Туркије по земјотресот
Генералниот секретар на Организацијата за исламска соработка (ОИС), Хусеин Ибрахим Таха, истакна дека Туркије се соочила со еден катастрофален земјотрес кој е ретко виден, упатувајќи апел до земјите членки на ОИС да бидат во блиска соработка со Туркије. Таха ги посети подрачјата на Нирдаги и Ислахије во Газиантеп кои беа погодени од земјотресите со епицентри во Кахраманмараш, каде што доби информации од локалните власти.
„Како Организација за исламска соработка веднаш се мобилизиравме откако дознавме дека се случил таков голем земјотрес во Туркије“, рече Таха.
Според него, итно стапиле во контакт со земјите членки на ОИС во врска со ова прашање, додека, како што рече тој, направиле сѐ со цел да му дадат поддршка на турскиот народ и да ги олеснат последиците од земјотресот во Туркије.
Таха нагласи дека во овие рамки земјите членки на ОИС, пред сѐ Саудиска Арабија, Катар и Кувајт, пружиле рака на помош, и дека формирале специјални оддели за координирање на оваа помош.
Тој истакна дека е потребна голема солидарност за санирање на последиците од земјотресот кој предизвика големо рушење на згради и објекти и кој претходно е ретко виден.
Таха кој одржа консултативни средби со гувернерот на Газиантеп, Давут Ѓул, градоначалничката на Газиантеп, Фатма Шахин, како и со претставниците на Стопанската и индустриската комора на Газиантеп, упати апел до земјите членки на ОИС да бидат во блиска соработка со Туркије за санирање на последиците од земјотресот.
Тој потсети дека во Туркије дошол со делегација во име на 57 членки на ОИС и додаде: „Свесни сме за земјотресот на векот кој го сведочи Туркије, за големата болка што ја доживеа Туркије и за оваа тешка состојба. Веруваме дека фирмите во земјите членки на ОИС треба да соработуваат со вас [со Туркије]. Нашата организација ги повика сите свои членки да ѝ дадат поддршка на Туркије.“
Нови снимки од дрон ги покажуваат застрашувачките моменти на уривање на згради во турскиот град Малатија за време на вториот силен земјотрес на 6 февруари.#trtbalkanmk #TurkiyeQuakes #turkijezemjotres pic.twitter.com/WMDEjQrr2v
— TRT Balkan MK (@TRTBalkanMK) February 23, 2023
08:35 ОН вети помош за еколошко и безбедно отстранување на урнатините
Екипите за уривање започнаа со расчистување на урнатините од разорните земјотреси на 6 февруари во Туркије, додека владата и хуманитарните групи продолжуваат да ги засолнуваат преживеаните кои сè уште се во страв од земјотресите и неколкуте силни последователни потреси.
Програмата за развој на Обединетите нации соопшти дека планира да ја поддржи Туркије во отстранувањето на урнатините и управувањето со остатоците „на еколошки безбеден начин“.
Од четврток наутро, бројот на загинати во катастрофата што ја погоди Туркије пред повеќе од две недели достигна 43.556, според неодамнешните информации што ги објави турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.
Земјотресот лошо ја погоди и соседна Сирија, оставајќи повеќе од 5.800 мртви. Вкупно, жртвите од двете земји надминаа 49.300.
08:00 Универзитетот во Истанбул објави првична анализа на двојните земјотреси што ја погодија југоисточна Туркије
Научниците од Техничкиот универзитет во Истанбул (ITU) објавија прелиминарен истражен извештај за двојните земјотреси на 6 февруари што ја погодија југоисточна Туркије, велејќи дека во една област во близина на епицентарот на земјотресот, тлото се поместило дури 4,7 метри.
Научниците на ИТУ, исто така, рекоа дека измериле два одделни земјотреси на 6 февруари со јачина од 7,7 и 7,6 степени со епицентри во областите Пазарџик и Елбистан во провинцијата Кахраманмараш, соодветно.
ИТУ соопшти дека ќе објави уште еден извештај за катастрофата откако ќе се направи целосна анализа.





