Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган отфрли какво било одложување на изборите по разорните земјотреси во февруари.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека претседателските и парламентарните избори во Туркије ќе се одржат на 14 мај.
„Оваа нација ќе го направи она што е неопходно на 14 мај, ако даде Господ“, рече Ердоган во средата во говорот пред пратениците од неговата АК Партија во парламентот, мислејќи на датумот на кој претходно рече дека ќе се одржат изборите.
Ердоган се осврна на претстојните избори и на земјотресите по претседавањето со состанокот на парламентарната група на АК Партијата во Големото турско национално собрание во Анкара.
Турскиот претседател Ердоган најави дека ќе се основа Фонд за обнова во случај на катастрофи кој ќе им помогне на градовите брзо да се опорават по земјотресот.
TRT BALKAN





