Најмалку 86 Палестинци загинаа, а 131 се ранети во изминатите 24 часа, во израелските напади врз опколениот Појас Газа, соопшти денеска Министерството за здравство на Газа.
Од почетокот на војната убиени се 29.692 Палестинци, главно жени и деца, а 69.879 се ранети.
Во соопштението на министерството се наведува дека многу луѓе се под урнатините и на патиштата и дека спасувачите не можат да стигнат до нив.





