Америка гради голема воена база во јужен Израел?

Кувајтскиот весник „Ал Џарида“, повикувајќи се на извор, објави дека САД почнале со изградба на голема воена база во јужен Израел. Станува збор за мерка која најверојатно ќе биде дел од повлекувањето на дел од американското воено присуство од базите во земјите од Персискиот залив.

Во оваа база моментално се префрла американско оружје и муниција, од каде израелските ловци ќе се снабдуваат со разновидна муниција. Воениот аеродром на базата се очекува да биде проширен за да може да ги прими американските авиони и да може да ги задоволи логистичките потреби на 23.000 војници.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости