Индија: Во Њу Делхи се забележани рекордни 49,9 степени Целзиусови

Според Метеоролошкиот институт на Индија, две области во Њу Делхи вчера забележаа температура од 49,9 степени Целзиусови.

Топлотен бран зафати неколку делови на Индија, а главниот град Њу Делхи вчера ја забележа највисоката температура во историјата досега, објавија индиските власти.

Според Метеоролошкиот институт на Индија, две области во Њу Делхи вчера забележаа температура од 49,9 степени Целзиусови.

Во неколку други индиски градови температурата исто така надмина 49 степени, додека Чуру во западната држава Раџастан достигна 50,5 степени Целзиусови.

Метеоролозите објавија дека условите од „топлотен бран до силен топлотен бран“ веројатно постепено ќе се ублажат во северозападна и централна Индија од 30 мај.

AA

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости