Според студијата на Одделот за образование за религиозните верувања во основните училишта во Виена, исламот е најпопуларна религија меѓу учениците, пишува Austria Today. Дури 35 отсто од учениците во државните основни училишта се муслимани, 21 отсто се католици, 13 отсто се сметаат себеси за православни, а 26 отсто од учениците не се придржуваат кон ниту една религија.
Официјалните податоци во вторникот ги презентираше заменик-бургомастерот и член на градскиот образовен одбор Кристоф Видеркер (НЕОС), кој, гледајќи ја религиозноста на муслиманската младина и нивното несогласување со таканаречените европски вредности, повика да се направат лекциите „Живеење во услови на демократија“ задолжителна за сите ученици почнувајќи од прво одделение. Целта на ова е да се пренесе демократија, вредности и етика, како и познавање на главните религии во светот.





