(ВИДЕО)РАНЕТИОТ ПАЛЕСТИНЕЦ БЕШЕ ВРЗЕН ЗА ХАУБАТА НА ЏИПОТ! Вознемирувачка снимка од израелската армија, ИДФ призна дека е прекршен протоколот

Израелските војници кои учествуваа во акцијата спроведена на окупираниот Западен Брег, го врзале уапсениот и ранетиот Палестинец за хаубата на џипот со кој го напуштале градот Џенин.

Ројтерс јавува дека тоа се случило вчера и дека видеото брзо се проширило на социјалните мрежи.

Британската агенција наведува дека ја потврдила автентичноста на снимката и потврдила дека Муџахед Азми, Палестинец од Џенин, се наоѓа на хаубата на џип кој поминува покрај две амбулантни возила.

Палестина

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во тој град било пукано врз нивните војници и дека војниците возвратиле, при што бил ранет осомничениот Азми, по што бил уапсен.

Се вели дека членовите на ИДФ после тоа „го прекршиле воениот протокол“.

– Осомничениот е однесен со врзување за хаубата на возилото – се вели во соопштението на ИДФ.

Се додава дека „однесувањето на војниците на ова видео не е во согласност со вредностите“ на израелската армија и дека истрагата за инцидентот е во тек.

ЛИНК ОД ВИДЕОТО ТУКА

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости