Хрватскиот авантурист Кристијан Иличиќ неодамна објави видео на кое ја покажува својата поддршка за Палестина, но само неколку дена подоцна Инстаграм ја ограничи неговата објава.
Имено, Иличиќ сподели видео од аутфитот кој го носеше на еден од најпопуларните настани во Хрватска. Во таа прилика тој бил облечен во црн костум и маица и патики на кои била исцртана лубеница во форма на палестинска територија со капки крв.
„Најголемиот и најгламурозен настан во Хрватска – Story Hall of Fame. Ја искористив оваа покана за настанот за да ја покажам мојата солидарност и автентичност кон луѓето кои страдаат повеќе од 70 години. Автентичноста носи слобода. Секој пат кога избираме автентичност , ја избираме храброста наместо стравот“, рече тогаш Кристијан во соопштението.
Сепак, иако снимката брзо стана популарна на социјалните мрежи, каде за само еден час имаше повеќе од милион прегледи и илјадници позитивни реакции само на Инстаграм, објавата вчера стана недостапна за многу корисници на оваа социјална мрежа.

Не долго потоа, тој изјави дека „спорната“ објава може да се види на неговиот профил на TikTok.

„Не е важно. Нека. Имате видео на TikTok, тие немаат никакво влијание таму“, напиша тој.





