Јахја Синвар назначен за нов шеф на политичкото биро на Хамас

Синвар, кој го замени Исмаил Ханије, Тел Авив го обвинува за организирање на нападот на 7. октомври, кој го поттикна Израел да започне разорна воена кампања во Газа во која загинаа повеќе од 39.600 луѓе

Палестинската група на отпорот Хамас во вторникот го назначи Јахја Синвар за нов шеф на политичкото биро.

Синвар ќе го замени Исмаил Ханије, кој беше убиен во Техеран откако присуствуваше на церемонијата на полагање заклетва на новиот претседател на Иран на 31 јули, се вели во соопштението на групата на својот канал Телеграм.

Хамас и Иран го обвинија Израел за убиство на Ханија, но Тел Авив не ја демантираше ниту ја потврди својата одговорност.

Синвар е најбараниот лидер на Хамас во Израел, а Тел Авив го обвинува за организирање на нападот на 7.октомври, кој го поттикна Израел да започне разорна воена кампања во Појасот Газа во која загинаа повеќе од 39.600 луѓе од минатиот октомври.

Десет месеци по израелската војна, огромни делови од Газа лежат во урнатини среде осакатувачка блокада на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој му нареди веднаш да ја прекине својата воена операција во јужниот град Рафах, каде што повеќе од 1 милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да биде нападната на 6 мај.

TRT Balkan

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости