🎥 ЖЕНА ХЕРОЈ – Лејла Залихиќ: Скокнала во поројот, испливала три километри и ја спасила ќерка си

Лејла Залихиќ од Буторовиќ Поље кај Коњиќ и го спасила животот на својата ќерка на начин на кој можат само најхрабрите, а тоа секако се мајките.
Според сведочењето на Коњичани, Лејла испливала три километри за време на катастрофалните поплави што ги зафатија делови од Босна и Херцеговина и предизвикаа огромни штети и однесоа најмалку 20 животи.

За време на хаосот кој владеел, нејзината 13-годишна ќерка паднала во поројот, а потоа поројот ја однел речиси три километри.

Но Лејла веднаш тргнала по неа, скокнала од третиот кат од куќата и пливала и успеала да ја спаси во поројот. Едноставно, женски херој.

Како што дознаваме, мајката е хоспитализирана, а ќерката е на безбедно.

Видеото може да го погледнете ТУКА

 

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости