Во прилог ви објавуваме кратка биографија од професорката која е достапна на интернет, а наскоро како што е најавено ќе има и екслузивно интервју на поткастот Белиг за нејзиниот живот и прифаќање на исламот.
Проф. д-р Виолета Пирузе е позната како една од двете ќерки на познатиот македонски деец и прв повереник (министер) за правосудство на федерална Македонија Петре Пирузе – Мајски.
Д-р Пирузе-Тасевска е родена во Белград 1950 година.
В. Пирузе – Тасевска живее во Скопје а на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Катедрата за македонска и јужнословенски литератури беше професор по нова српска литература.
Д-р Пирузе – Тасевска магистрирала на тема „Митови и митолошки елементи во македонските народни приказни“, а докторирала на „Тематски и идејно-естетски приближувања и спротивности на романтизмот во српската и македонската литература“. Учествувала на многу еминентни научни собири во Република Македонија, СР Југославија и пошироко, а голем број стручни и научни трудови објавува во земјава и во странство. Книгата „Толкувања и вредности“ (студии и есеи од српската и македонската литература) е објавена во Скопје, 1997 година, а во печат е нејзината обемна студија, монографијата „Мит – Приказна“. Таа работи како лектор на многу исламски книги меѓу кои и Куранот на македонски јазик.
Досега има објавено над стотина трудови, критики , студии и есеи во кои се опфатени автори од српската и македонската литература.





