(ВИДЕО) Патријархот на Ерусалим, Теофил III: „Христијанските заедници се под големи закани во Израел“

На 18 февруари 2025 година, патријархот на Ерусалим, Теофил III, се обрати пред Обединетите нации, предупредувајќи за зголемените закани што Израел ги претставува за христијанската заедница во Светата земја.

Во своето обраќање, патријархот Теофил III ја осуди бомбардирањето на христијанските цркви во Појасот Газа од страна на израелските сили, нагласувајќи дека ваквите напади претставуваат директно кршење на меѓународното хуманитарно право. Тој истакна дека црквите не се само верски објекти, туку и засолништа за цивили, кои се жртви на воените дејствија.

Дополнително, патријархот ја критикуваше ескалацијата на напади од страна на израелските екстремисти врз христијаните во Ерусалим. Според неговите зборови, во последните години христијанската заедница се соочува со сè поголем притисок, вклучително со физички напади, запленување на имоти и ограничување на пристапот до светите места.

Како особено загрижувачки, Теофил III го истакна и бомбардирањето на најстарата христијанска црква во Израел, што го нарече обид за бришење на христијанското наследство во регионот.

Ова обраќање пред ООН е дел од пошироките напори на христијанските лидери да го привлечат вниманието на меѓународната заедница кон кризата во Светата земја и да побараат конкретни мерки за заштита на христијаните во регионот.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости