Извор: Инфо-ислам
Во последните денови, ситуацијата во Сирија останува сложена и исполнета со бројни предизвици, особено за христијанската заедница која се соочува со сериозни предизвици, како тврдат некои медиуми.
Меѓутоа, во јавниот дискурс и медиумските извештаи често се забележуваат манипулации и извртување на фактите, при што сведоштвата на свештенството од теренот неретко се разликуваат од официјалните наративи на некои лица и медиуми. Социјалните мрежи, особено Твитер, изобилуваат со докази што укажуваат на различни перспективи и ја разоткриваат пропагандата што ја пласираат одредени актери во конфликтот.
Еве ја реакцијата на Свештеникот Отец Спиридон Таноус:

@elonmusk, ме известија дека прашувате за христијаните во Сирија! Можете да ги прочитате моите објави, и треба да знаете дека христијаните во Сирија се сириски луѓе. Нашата судбина како христијани е поврзана со судбината на секој слободен Сириец што се ослободи од тиранијата и криминалноста на режимот на Асад. Меѓународната заедница не треба да се плаши за христијаните затоа што христијаните и муслиманите се сопственици на земјата. Сирија значи христијани и муслимани. Ако навистина сте загрижени за нас како христијани, треба да помогнете во обновата на Сирија за сите Сиријци. Со љубов, стои во X/Твитер на свештеникот.Кој е Отец Спиридон Таноус?
Отец Спиридон Таноус е православен свештеник, активен во Сирија, и често се изразува на социјалните мрежи и други платформи за состојбата на христијаните и општата ситуација во земјата, особено во контекст на политичките промени и конфликтите. Според информациите од веб-резултатите и неговите активности на LinkedIn и X, тој е ангажиран во застапувањето на единството меѓу христијаните и муслиманите во Сирија, особено по падот на режимот на Асад во декември 2024 година. Тој исто така се повикува на солидарност, мир и реконструкција на Сирија за сите нејзини граѓани, без разлика на верската припадност.
Воедно сириски епископ Хана Јалоуф, раководител на Католичката црква во Алепо, Сирија, повторно изразува поддршка за сириската држава во одбрана од оние кои сакаат да го дестабилизираат народот.
Тој јасно зборува за тоа дека сисетматски прогон од властите во Сирија е лага.
„Ниту еден христијанин не е убиен во Сирија – тврдењата спротивно на ова се лажни и дезинформирачки“

Каде е вистината и што се случува?
Еден од најпознати геополитички аналитичари на тој простор и експерт за антитероризам е Чарлс Листер и тој напиша низа на постови на твитер за да објасни како доведе до овие настани:
Текст на тредот на Чарлс Листер за настаните во Сирија (9 март 2025):
Информацискиот простор околу Сирија се распадна во токсична мешавина од навреди, диви дезинформации и некои факти. Голем број на луѓе(од сите религии и конфесии) трагично загинаа, но околностите и контекстот се далеку покомплексни од она што се пренесува широко.
Пред четвртокот навечер, про-Асадовите вооружени групи извршија 46 напади врз силите на привремената влада во 6 од 14 покраини во Сирија – но она што се случи четвртокот навечер беше сосема на друго ниво. Три дена подоцна, потврдени се повеќе од 400 мртви сили на владата(новата сириска влада). Сите овие 400 сили на владата беа локално распоредени – многумина беа убиени со егзекуција, изгорени до смрт и закопани живи. Првата ноќ од борбите, про-Асадовите вооружените групи исто така извршија напади на ривалски села – некои сунитски, други алавитски.
Некои села во Латакија одбија да “се приклучат” на про-Асадовиот “пуч” (како што локално се нарекува), што доведе до напади и некои масакри.
Тоа ја запали спиралата на одмазничко насилство и убиства – и поттикна надворешни(неорганизирани формации) борци, лојални на владата, да бараат одмазда. Прецизни информации за сторителите е речиси невозможно да се добијат – но доказите укажуваат на цивилни убиства главно од единици лојални на SNA, мали фракции на странски борци и да, пред се од про-Асадовите вооружени групи. Бројките од SOHR треба да се третираат со голема доза сомнеж.
Нема никакви докази дека христијаните биле цел на било која страна во Латакија – но 100% се потврдени најмногу 3 мртви христијански цивили. Многу извештаи за цели семејства и жени кои биле убиени се покажаа лажни – тие излегоа и ги негираа сопствените убиства (биле лажно припишани). Многу од сликите и видеата кои кружат на Твитер се покажа дека се стари од пред неколку години.
Додека привремената влада продолжува со екстремно комплициран процес на разоружување и демобилизација, контролата и управувањето со периферните вооружени фракции е ограничено – а кога илјадници вооружени луѓе надвор од било каква фракција отидоа во Латакија да се борат или убиваат, скоро беше скоро невозможно да се контролира околу 36 часа (поради лични одмазди, недостиг на комуникација, како и борби против некогашни вооружени специјални сили на Асад кои најчесто се кријат позади цивилно население и имаат блиски врски со алевитите од кои потекнува познатиот одред на смртта Шабиха и единицата Тигар).
Од страната на проАсадовите трупи, повеќето од познатите лидери се поранешни команданти од Иран-лојалната 4. дивизија. Некои имаат инфамна историја на злосторства – од масовни егзекуции, палење на цивили и координирање на месеци долги опсади со глад врз цивилното насление. (За да сега истите повторно пружат отпор за да не бидат фатени)
Иронично, многу од чувствата и реториката за неодамнешните настани во Сирија се далеку поагресивни и навредливи од луѓе надвор од Сирија (Запад, исламофоби и пропагандисти) отколку од оние што всушност се во земјата(христијани, христијански свештеници, припадници на различни групи). Жедта за мир, смиреност и помирување е длабока. Луѓето сакаат правда, но не и повеќе војна.
Со ова Чарлс Листер укажува на големата пропаганда која им служи на некои одредени кругови за да ја дестабилизраат уште повеќе состојбата во Сирија. Турција денеска како еден од гаранторите и посветени на мирната транзиција, ќе се вклучи со поголеми капацитети за да ја смири состојбата која најверојатно е во обид да се дестабилизира од неколку актери: Иран, Израел, терористите од ПКК и Хезболлах.
Последниот пост на Чарлс Листер беше споделено видео од убиство извршено од страна на убиен припадник на про-Асадови сили кои убиле христијанско семејство за да предизвикаат поголема дестабилизација.
Во прилог и линк до Твитерот на Чарлс Листер и докази од христијански заедници и лидери во Сирија, кои официјално ги негираат лажните пропаганди за наводни масовни масакри над христијаните.
Свештенството и локалните верски лидери повеќепати јавно зборувале за вистинската состојба на теренот, разобличувајќи дезинформации што циркулираат во одредени медиуми. Нивните сведоштва, поткрепени со конкретни изјави и извештаи, покажуваат дека ваквите наративи често се користат за политички или идеолошки цели, а не за вистинско информирање на јавноста.
htts://twitter.com/Charles_Lister/status/1898857898958049389
Како портал, „Чаршија Тајмс“ останува доследен на новинарските принципи на објективност и точност, посветен на вистинско и непристрасно информирање. Во духот на професионалното новинарство, ќе продолжиме да ги истражуваме сите аспекти на оваа тема, сослушувајќи ги и другите страни, со цел јавноста да добие целосна и проверена слика за случувањата.





