Уште три лица тешко повредени во пожарот што избувна во ноќен клуб во Кочани се пренесени во Истанбул со амбулантен авион на турското Министерство за здравство. Амбулантниот авион за пренос на уште три лица повредени во пожарот пристигна во Северна Македонија за да го изврши трансферот, а на Меѓународниот аеродром Скопје беше присутен и турскиот амбасадор Фатих Улусој.








