Последниве дена протестите во Истанбул за поддршка на сега веќе поранешниот градоначалник на Истанубл, Екрем Имамоглу, достигнаа критична точка, заканувајќи се да преминат во судири и можен граѓански конфликт, сметаат некои аналитичари. Граѓаните излегоа масовно на улиците поради како што тие тврдат, политичкиот притисок врз Имамоглу, кој долго време е трн во око на владејачките структури.
Властите одговорија со засилено полициско присуство и репресивни мерки, што дополнително ги разгневи демонстрантите. Во последните денови, напнатоста се зголеми, при што има извештаи за насилни конфронтации меѓу полицијата и демонстрантите.
Аналитичарите предупредуваат дека Турција се соочува со еден од најсериозните моменти во својата модерна политичка историја. Доколку насилството ескалира, можни се последици што ќе ја променат политичката сцена на земјата, но и геополитичката стабилност во регионот.
Дали ова е пресвртница за турската демократија или почеток на подлабока криза? Останува да се види како ќе реагираат и домашните и меѓународните актери. Руската Федерација веќе изрази свој став преку портпаролот Песков, каде овие протести и апсиења ги објаснаа како „внатрешно прашање на Турција“.
Она што треба особено да се нагласи е фактот дека турските муслимани овие денови се собраа пред џамијата Шехзадебаши во Истанбул, и остнатите џамии, откако приврзаниците на Екрем Имамоглу ја осквернавија џамијата со лименки пиво и уринираа по нејзините ѕидови. Овие варварски и нецивилизациски однесувања на комунистите и атеистите во Турција не се ништо ново, но овој пат како да земаат повторно замав.
Еден Турчин муслиман кој е новинар, објаснува колку е сложена ситауцијата и дека доколку продолжи скрнавењето на џамиите во Истанбул и останатите градови во Турција може да дојде и до граѓанска војна.
🗣️ Новинарот Хасрет Јилдирим за турските муслимани кои застанаа во одбрана на џамијата Шехзадебаши во Истанбул:
„Ние не дојдовме тука поради демократска, туку поради исламска реакција.
Ако доаѓањето за да ја бранам мојата џамија е провокација, тогаш јас сум провокатор, брате!
Пратеникот Мухаммед бил пратеник на војната, јас чекорам по неговите стапки.“
Муслиманите ги бранат џамиите од атеистите и секуларистите.
🔴 Младите се собраа во џамијата Шехзадебаши и извикуваа верски пароли.
Поддржувачите на Екрем Имамоглу оставија празни лименки и шишиња пиво во дворот на џамијата Шехзадебаши во Истанбул. Некои дури и уринираат во просториите.

Исто така, на Чаршија Тајмс веќе пишувавме за израелскиот новинар кој дојде во Турција и повикуваше на протести, МИТ го уапси. Споерд Мајкл Ганое исламот и муслиманите се светко зло кое треба да се искорени од светска сцена.
Неколку видеа и слики во прилог од самите протести:

🔴 Секуларистите фрлаа киселина кон полицијата во Сарачане.

Приврзаник на затворениот турски секуларист Екрем Имамуглу е испрскан со бибер од полицијата откако се појави да се потсмева на исламската молитва.
Претседателот Ердоган ги означи демонстрациите како „злобни“ и ја обвини опозицијата за „нарушување на мирот на нашите граѓани со провокации“.





