Галатасарај со 2:1 го совлада Фенербахче во четврт-финалето на турскиот куп Зираат

Во четврт-финалето на турскиот куп Зираат, на стадионот Улкер се сретнаа екипите на Фенербахче и Галатасарај, известува Анадолу.

Екипата на Галатасрај поведе со 0:1 со погодокот што го постигна Виктор Осимен во 10. минута. Во 27. минута Галатасарај поведе со 0:2 со погодокот што Осимен го постигна со удар од белата точка.

Во судиското продолжение на првото полувреме, во 45 + 1 минута Фенербахче го намали резултатот на 1:2, резултат со кој се замина на полувреме.

Во второто полувреме двете екипи одиграа тврд меч со акции на двете страни. По една акција во која учествуваше Осимен, дојде до мал дуел меѓу него и Мерт Мулдур, кој прерасна во расправија во која учествуваа играчите на двата тима.

Поради тензиите тренерот на Галатасарај од игра ги извади Виктор Осимен и Бариш Алпер Јилмаз во 86. минута, но тензиите од теренот Бариш Алпер ги пренесе и надвор од него, по што настана голема турканица на делот покрај теренот. Играчите дотрчаа до делот кај клупите на двата клуба, а судијата ги повика помошните судии покрај него на средина на теренот.

По неколку минутна пауза судијата додели 4 црвени картони во 90 + 2 минута. на средбата ‘поцрвенеа’ Мерт Хакан и помошникот тренер на Фенербахче Салваторе Фоти, и Бариш Алпер Јилмаз и Керем Демирбај од Галатасарај.

Натпреварот беше продолжен 11 минути, но играчите на Хозе Мурињо не успеаја да постигнат погодок до крајот на натпреварот, иако по еден удар во празната мрежа на Галатасарај, еден од играчите успеја со ножички ја исфрли топката од гол-линијата.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости