Амазон даде понуда за купување на ТикТок во САД

Неколку страни вклучени во разговорите не ја сфаќаат сериозно понудата, пишува „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на анонимни извори.

 – Амазон направи понуда во последен момент да го купи ТикТок во САД бидејќи платформата за социјални медиуми во кинеска сопственост се соочува со краен рок во април да се отфрли или да биде забранета, се вели во веста што ја објави „Њујорк тајмс“ , пренесува Анадолу.

„Њујорк тајмс“, повикувајќи се на анонимни извори, објави дека неколку страни вклучени во разговорите не ја сфаќаат сериозно понудата на Амазон. Понудата била дадена во писмена форма до потпретседателот на САД, Џеј-Ди Венс и секретарот за трговија Хауард Лутник, навело лице запознаено со ова прашање.

Други потенцијални инвеститори се Орикл и Блекстоун, се вели во веста.

Амазон и ТикТок не ја коментираа веста.

Амазон претходно ја пласираше функција „Инспајр“ слична на ТикТок, но подоцна ја отстрани од продавницата за апликации.

ТикТок инсистира дека не е на продажба, повикувајќи се на можно противење на кинеската Влада. Компанијата има 170 милиони корисници во САД и останува главен играч во дигиталната трговија.

Потегот на Амазон доаѓа во време на преговорите во Вашингтон за сопственоста над ТикТок.

Американските пратеници изразија загриженост за националната безбедност во однос на врските на апликацијата со Кина, што доведе до тоа минатата година да биде усвоен закон со кој се наложува продажба на апликацијата.

Врховниот суд едногласно го потврди законот, иако американскиот претседател Доналд Трамп го одложи неговото спроведување до сабота.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости