Нападнат шаторот со новинари во Газа, еден загинат, повеќемина повредени

Израелската Армија изврши напад во близина на болницата „Насер“ на југот на Појасот Газа. Во нападот е погоден шаторот во кој престојуваа новинарите, известува Анадолу.

Во нападот што Израел го изврши врз градот Хан Јунус убиен е новинарот Хилми ал Факави, а повредени се голем број новинари.

Повредените се префрлени на лекување во болницата „Насер“.

Поради нападот се запали шаторот во кој биле сместени новинарите.

– Израелски напади на Појасот Газа

Од 7 октомври досега, во израелската геноцидната војна врз Појасот Газа се убиени приближно 50.700 Палестинци, а повеќе од 115.340 се повредени.

На 19 јануари стапи на сила прекинот на огнот и размена на заробеници во Појасот Газа. И покрај тоа, израелската војска ненадејно ја продолжи воздушната кампања врз Појасот Газа на 18 март. Оттогаш се убиени повеќе од 1.330 Палестинци, а над 3.300 се повредени.

Во ноември минатата година, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант, за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости