Почина уште едно лице од големата трагедија во кочанската дискотека „Пулс“. Пациент кој бил на лекување во Литванија со тешки изгореници по телото е 61 жртва од страшниот пожар.
Како што посочи министерот, 29-годишниот Александар Гавриловски бил упатен од Градска болница на 17 март во тешка состојба, додека од 4-ти април неговата состојба почнала да се влошува.
„Жална вест, сакам да информирам дека денеска во 11 часот почина и вториот пациент којшто се лекуваше во Литванија, 29-годишен којшто беше во критична состојба уште од почетокот. Беше упатен од Градска болница на 17-ти март. Неговата состојба беше тешка, а од 4 април се влошуваше уште повеќе, додека од вчера беше на дијализа“, изјави Таравари.
Посочи дека Гавриловски бил еден од потешките пациенти, со 35 отсто изгореници од трет степен, како и изгореници во дишните патишта.
„Александар Гавриловски имаше 35 посто изгореници од трет степен, изгореници во дишните патишта и беше еден од потешките пациенти. Другите двајца засега се критични, но во стабилна состојба. Се надеваме да бидат подобри“, рече Таравари.
Познато е дека Карадакоски на хартија бил управител на кочанската дискотеката, но работел како шанкер. Беше меѓу 27-темина осомничени за трагедијата во Кочани. Обвинителството против него ја запре истрагата.
78 повредени од пожарот во Кочани сè уште се на болничко лекување. Од нив деветмина се во македонските здравствените установи, а 69 се лекуваат во странските медицински центри.





