(ВИДЕО) Македонија гласа против слободата на Палестина: Прва ваква одлука во историјата на Советот за човекови права

На седницата на Советот за човекови права на Обединетите нации одржана во петокот(4ти април), Македонија гласаше против две резолуции за Палестина кои Советот ги усвои.

Првата резолуција, со која се осудуваат израелските колонијални практики на окупираните палестински територии, помина со 34 гласа „за“, десет воздржани, како и три гласа „против“, меѓу кои, покрај Чешка и Етиопија, беше и нашата земја.

Против втората резолуција, со која се поддржува неотуѓивото право на палестинскиот народ на самоопределување, гласаа само две држави – Македонија и Чешка. Таа беше усвоена со 43 гласа „за“, а две земји се воздржаа од гласање.

Македонија досега никогаш не гласала против правото на самоопределување на палестинскиот народ. Лани во октомври земјава стана членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025-2027. Генералното собрание на ООН оваа одлука ја донесе врз основа на „претходните залагања за човековите права, правата на малцински и ранливи групи и целокупниот корпус на мултиетничка демократија која ја развива државата“.

Од земјите на поранешна Југославија, која беше долгогодишен поддржувач на Палестина, нејзината независност, освен Македонија, ја немаат признаено и Хрватска и Косово.

Целото видеото од седницата може да го погледнете ТУКА.

 

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости