(ФОТО) Меѓународен фестивал Вавилон во Ирак

Меѓународниот фестивал Вавилон започна во античкиот ирачки град Вавилон, известува Анадолу.

На овој историски локалитет беше поставена театарска претстава што ги прикажува културното и историското влијание на Вавилонската Империја врз глобалната цивилизација.

Името Вавилон произлегува од акадскиот збор баб-илим и означува божја врата. Во времето на војсководецот Александар Македонски името му е сменето во Вавилон.

Античкиот град Вавилон се наоѓа 85 километри јужно од главниот град Багдад и е на листата на светското наследство на УНЕСКО.

Овој антички град, стар повеќе од 4.000 години, е познат по прекрасните Семирамидини висечки градини (се сметаат за едно од седумте чуда на античкиот свет), како и по обелискот Хамураби (Хамурабиев законик – една од првите збирки закони, кој потекнува од 1760 година пр.н.е.) и камената скулптура Лавот од Вавилон.

Меѓународниот фестивал Вавилон започна да се одржува во 1985 година, но беше прекинат во 2003 година поради американската инвазија на Ирак и влошувањето на безбедносната ситуација во земјата следните години.  

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости