🔴 Петгодишно дете нападнато од куче скитник за време на семејна вечера во Битола

Семејна вечера во Битола заврши со ужас, откако петгодишно дете било нападнато од куче скитник додека седело со своето семејство.

Инцидентот се случил за време на викендот. Според сведоштва, детето прво му давало храна на кучето, но откако престанало, животното агресивно го нападнало. Детето се здобило со сериозни повреди во пределот на лицето, а според првичните информации, му било повредено едното око.

Фотографии од местото на нападот прикажуваат траги од крв, што укажува на тежината на повредите. Детето итно било пренесено во болница, каде му била укажана лекарска помош. Засега не е познат степенот на оштетување на окото.

Настанот предизвика револт меѓу граѓаните, кои ја обвинуваат локалната власт и надлежните институции за хронична негрижа и несоодветно справување со проблемот со бездомните кучиња во градот.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости