🌋 Италијанскиот вулкан Етна повторно еруптира, исфрлајќи пепел и лава (ФОТО)

Вулканската активност на Етна, на висина од 3.357 метри започна синоќа во југоисточниот кратер на вулканот, еден од неговите најактивни кратери

 Вулканот Етна во јужна Италија повторно исфрла пепел и лава.

Локални извори за Анадолу изјавија дека вулканската активност на Етна, на висина од 3.357 метри започнала синоќа во југоисточниот кратер на вулканот, еден од неговите најактивни кратери, и продолжила до пладне денес.

Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија ја потврди активноста.

Поради облаците од пепел, Институтот издаде црвено предупредување за авионите кои минуваат низ регионот, но подоцна тоа беше повлечено.

Етна е еден од најактивните вулкани во светот, со речиси постојана состојба на активност. Последен пат кога вулканот значително еруптира беше минатиот ноември.  

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости