Како и секоја година, во црквите низ Македонија се одржуваат велигденски литургии, а главната литургијата се одржа во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје со која богослужеше архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
Традиционални миси и литургии се одржаа во католичката катедрала „Свети Павле“ и во православната црква во Тирана, но и во други градови низ Албанија.
Свети архиерејски литургии и миси се одржаа и во храмовите и катедралите во Сараево, Загреб, Подгорица, Белград.
Инаку оваа година, Велигден, покрај православните, на ист ден го слават и католичките христијани поради поклопување на датумите во јулијанскиот и грегоријанскиот календар.





