Кина лансираше нова вселенска мисија со тројца астронаути

Вселенскиот брод беше лансиран во вселената во 17:17 часот по локално време од Центарот за лансирање на сателити „Џиукуан“ во северозападна Кина

 Кина денес ја испрати својата нова мисија „Шенжу-20“ во вселената со тројца астронаути, пренесува Анадолу.

Вселенскиот брод беше лансиран во вселената во 17:17 часот по локално време од Центарот за лансирање на сателити „Џиукуан“ во северозападна Кина.

Кинеските астронаути Чен Донг, Чен Жонгруи и Ванг Жи ќе им се придружат на колегите на кинеската вселенска станица „Тиангонг“. Командант на мисијата е Чен Донг.

Членовите на екипажот „Шенжу-20“ ќе ги заменат астронаутите од мисијата „Шенжу-19“, кои ќе се вратат дома по шестмесечни истражувања во вселената.

Официјален претставник изјави дека лансирањето било успешно.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости