(ГАЛЕРИЈА) Газа некогаш и сега: Погледнете што остана по нападите

Разорните последици од израелските напади, кои започнаа на 7 октомври 2023 година, се видливи во секој агол од оваа опколена палестинска територија

Серија споредбени фотографии сведочат за драматичната трансформација на Газа – од живописен и населен град во урнатини каде што постои само страдање, јавува Анадолу.

Разорните последици од израелските напади, кои започнаа на 7 октомври 2023 година, се видливи во секој агол од оваа опколена палестинска територија.

На фотографиите се гледа некогашната убавина на брегот на Газа: згради, улици и живот што тече.

Денес овие локации се претворени во пепел и урнатини.

Уништувањето не ја погоди само инфраструктурата туку и духот, достоинството и секојдневјето на жителите.

Уништен е голем дел од инфраструктурата – електричната енергија, водоснабдувањето и телекомуникациите се речиси недостапни, предизвикувајќи хуманитарна катастрофа од невидени размери.

Болниците работат под минимални услови, а пристапот до основни продукти е сè потежок.

Илјадници цивили го загубија животот, меѓу нив и голем број деца, додека десетици илјади останаа без дом. За нив иднината е неизвесна, а секојдневјето е исполнето со болка и неизмерна тага.

Овие фотографии не се само доказ за тоа како изгледа Појасот Газа пред и по воените напади, туку се гласен повик до светот да не остане рамнодушен пред трагедијата што го погоди. ()

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости