Попладневно пукање на Бит Пазар – неофицијални информации за жртви, МВР со нови детали

Попладнево во близина на Полициската станица Бит Пазар се случило пукање, при што – според неофицијални информации што ги пренесува ТВ21 – има најмалку една жртва.

Сведоци велат дека при инцидентот е повредена и жена, минувачка која се затекнала на местото на настанот.

На терен се присутни дополнителни полициски сили.

МВР со детали за пукањето на Бит Пазар

Денеска околу 14.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар има пукање од огнено оружје, соопштија од МВР.

Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и било констатирано дека се работи за престрелка помеѓу две групи од по пет до шест лица, при што едно лице е повредено и е пренесено во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

На местото на настанот најдени се повеќе чаури, а оштетени се неколку изложни стакла од продажни објект и околните продавници и неколку паркирани возила, појаснија од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости