Во руската делегација, совен Путин, се и неговиот помошник за меѓународни прашања, Јуриј Ушаков, и шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев
Рускиот претседател Владимир Путин денес се сретна со специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф, соопшти Кремљ, јавува Анадолу.
Претседателската прес-служба објави видео на кое се гледа како Путин и Виткоф се ракуваат и кратко разговараат.
„Како сте, господине претседателе?“, праша Виткоф. „Добро, благодарам“, одговори Путин со срдечно кимнување со главата.
Освен Путин, во руската делегација се и неговиот помошник за меѓународни прашања, Јуриј Ушаков, и шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев.





