(ФОТО) Ужален татко од Газа пронаоѓа утеха во облеката и играчките останати од неговите починати деца

Фирас Вишах изгуби три од своите пет деца, својата мајка и неколку блиски роднини кога неговиот дом во бегалскиот камп Бурејџ во централна Газа е срамнет со земја во израелски напад

 Палестински татко, кој ја загуби речиси целата своја фамилија во израелски воздушен напад, пронаоѓа утеха во облеката и играчките што останале од неговите убиени деца, јавува Анадолу.

Фирас Вишах изгуби три од своите пет деца, својата мајка и неколку блиски роднини кога неговиот дом во бегалскиот камп Бурејџ во централна Газа е срамнет со земја во израелскиот напад на 2 ноември 2023 година.

Тој и неговата сопруга биле повредени во нападот.

„Ќерката на брат ми живее со нас. Мисли дека јас сум ѝ татко, а мојата сопруга – мајка. Така нè нарекува“, вели Вишах.

Ужалениот татко често се враќа кај урнатините на неговиот поранешен дом, барајќи спомени од децата.

Играчките што ги наоѓа ги закачува на сушницата за алишта – гест што, според него, му помага да се справи со болката, но и служи како порака до израелските авиони што летаат над него: дека убиваат деца.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости