Емпајр Стејт Билдинг ја одбележа 94-годишнината со светлосен дисплеј

Маркантниот облакодер беше официјално отворен на 1 мај 1931 година, кога американскиот претседател Херберт Хувер ги вклучи светлата на зградата, далечински, од Вашингтон

 Познатата Емпајр Стејт Билдинг во Њујорк, Соединетите Американски Држави (САД) ја прослави својата 94-годишнина, со светлосен дисплеј, јавува Анадолу.

Маркантниот облакодер беше официјално отворен на 1 мај 1931 година, кога американскиот претседател Херберт Хувер ги вклучи светлата на зградата, далечински, од Вашингтон.

Изградбата започна на 17 март 1930 година, а зградата беше отворена тринаесет и пол месеци подоцна.

Таа е едно од најпознатите обележја на градот Њујорк, има 102 ката, и е висока 443 метри.

Сѐ до изградбата на популарните кули Близначки во 1972 година беше највисоката во светот, а денес е рангирана на 59-то место.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости