Турскиот министер Шимшек се сретна со министерката за финансии на Северна Македонија, Кочоска

Турскиот министер за трезор и финансии Мехмет Шимшек: „Се договоривме да воспоставиме силна соработка помеѓу нашите управи за јавни приходи“

 – Турскиот министер за трезор и финансии Мехмет Шимшек оствари средба со министерката за финансии на Северна Македонија, Гордана Димитриеска-Кочоска, како и со делегацијата што ја придружува, известува Анадолу.

Министерот Шимшек на социјалните мрежи сподели објава во врска со средбата.

Изразувајќи задоволство што им бил домаќин на министерката Кочоска и нејзината делегација, Шимшек во објавата наведе:

„Се договоривме да воспоставиме силна соработка меѓу нашите управи за јавни приходи. Ќе ги унапредиме билатералните односи преку размена на искуства во области, како што се даночните политики, дигитализацијата, доброволното усогласување со даночните обврски, инспекцијата и борбата против финансискиот криминал.“

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости