Трамп потврди дека и официјално е заклучен договорот со Украина за ретки минерали

„Тукушто го заклучивме договорот за ретки минерали со Украина, кој е целосно ратификуван и одобрен од нивните законодавни тела“

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека и официјално е заклучен договорот за ретки минерали со Украина, јавува Анадолу.

„Тукушто го заклучивме договорот за ретки минерали со Украина, кој е целосно ратификуван и одобрен од нивните законодавни тела“, изјави Трамп во Белата куќа.

Трамп истакна дека наскоро ќе разговара со украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости