Пакистан соопшти дека со Индија е договорен прекин на огнот кој веднаш ќе стапи на сила

Пакистанскиот заменик-премиер и министер за надворешни работи, Мохамед Ишак Дар, објави дека Пакистан и Индија се согласиле за прекин на огнот кој веднаш ќе стапи на сила

Пакистанскиот заменик-премиер и министер за надворешни работи, Мохамед Ишак Дар, објави дека Пакистан и Индија се согласиле за прекин на огнот кој веднаш ќе стапи на сила, известува Анадолу.

На платформата X Дар објави соопштение во врска со прекинот на огнот меѓу двете земји.

„Пакистан и Индија се согласија за прекин на огнот со непосреден ефект“, наведе Дар во објавата и нагласи дека Пакистан отсекогаш се стремел кон мир и безбедност во регионот без да го загрози својот суверенитет и територијален интегритет.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости